ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА

Наши вредности

Сакаме да станеме отворено, современо и ефективно училиште, лидер во Општината и во регионот, во кое учениците во атмосфера на доверба, почитување и толеранција, ќе стекнуваат квалитетни и трајни знаења, кои ќе ги применуваат во понатамошното школување и ќе придонесат за нивниот личен развој.

Ние сме училиште кое ја негува современата настава и го поттикнува личниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, подеднакво обезбедувајќи индивидуален напредок во постигањата и вештините.

 

Мисија и визија

Преку тимска работа помеѓу наставниците и родителите во стимулативна средина да градиме самодоверба,одговорност,почитување и критичко мислење кај учениците за да постигнеме високи образовни цели

Мисијата на нашето училиште е да создадеме образовен кадар ,кој ќе ја продолжи мисијата во развојот на свеста и културолошкото издигнување од поширока димензија

Создаваме модерно училиште во кое секој ученик ќе ги развива своите потенцијали.Училиште во кое се почитуваат правата на децата,инклузивност,сигурност,еколошката свест,мултикултурност,креативност и безбедност на секој ученик.

Нашето училиште во иднина го гледаме како мал простор на уметноста и знаењето.Со добра мисла за нашата иднина,со силата на својот ум и научен придонес,ова училиште да прерасне во иден личен простор за секој што има храброст и сака постојано да открива,осознава ,да учи и создава

ТЕКОВНИ СООПШТЕНИЈА И ИЗВЕСТУВАЊА

Соопштение за упис на првачиња во учебната 2024/2025 година

Ве известуваме дека во текот на месец мај 2024 година „ООУ Илинден“ ќе започне со запишување на ученици во прво одделение за учебната 2024/2025 година.

ТЕКОВНИ СООПШТЕНИЈА И ИЗВЕСТУВАЊА

Kонкурс за избор за првенец на генерација за 2023/2024 година

Општинско основно училиште „Илинден“- Крива Паланка, согласно член 75 став 3 од Законот за основното образование (Службен весник на РСМ бр.161/2019) и Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени и ученици при ООУ „Илинден“, распишува: