ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА

Наши вредности

Сакаме да станеме отворено, современо и ефективно училиште, лидер во Општината и во регионот, во кое учениците во атмосфера на доверба, почитување и толеранција, ќе стекнуваат квалитетни и трајни знаења, кои ќе ги применуваат во понатамошното школување и ќе придонесат за нивниот личен развој.

Ние сме училиште кое ја негува современата настава и го поттикнува личниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, подеднакво обезбедувајќи индивидуален напредок во постигањата и вештините.

 

Мисија и визија

 Преку тимска работа помеѓу наставниците и родителите во стимулативна средина да градиме самодоверба, одговорност, почитување и критичко мислење кај учениците за да постигнеме високи образовни цели.

Мисијата на нашето училиште е да создадеме образовен кадар ,кој ќе ја продолжи мисијата во развојот на свеста и културолошкото издигнување од поширока димензија.

Создаваме модерно училиште во кое секој ученик ќе ги развива своите потенцијали. Училиште во кое се почитуваат правата на децата, инклузивност, сигурност, еколошката свест, мултикултурност, креативност и безбедност на секој ученик.

Нашето училиште во иднина го гледаме како мал простор на уметноста и знаењето. Со добра мисла за нашата иднина, со силата на својот ум и научен придонес, ова училиште да прерасне во иден личен простор за секој што има храброст и сака постојано да открива, осознава ,да учи и создава

ТЕКОВНИ СООПШТЕНИЈА И ИЗВЕСТУВАЊА

Соопштение за упис на првачиња во учебната 2025/2026 година

Ве известуваме дека во текот на месец мај 2025 година „ООУ Илинден“ ќе започне со запишување на ученици во прво одделение за учебната 2025/2026 година.

ТЕКОВНИ СООПШТЕНИЈА И ИЗВЕСТУВАЊА

Kонкурс за избор за првенец на генерација за 2024/2025 година

Општинско основно училиште „Илинден“- Крива Паланка, согласно член 75 став 3 од Законот за основното образование (Службен весник на РСМ бр.161/2019) и Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени и ученици при ООУ „Илинден“, распишува: