Учете во најдоброто
основно училиште
Во североисточниот дел на Република Северна Македонија на надморска височина од 450 метри до 2252 метри е сместена општината Крива Паланка во која се наоѓа нашето училиште ООУ„Илинден“, на улицата Наско Тамбурков број 80.
Училиштето е формирано со одлука на влада на Република Северна Македонија број 23-1898 од 03.06.1996 година, а верифицирано со решение број 10-2481/3 од 1996 година. Училиштето е изградено во 1974 г. и се до 1996 г работеше во состав на ООУ Јоаким Крчовски. Од учебната 1996/97 г. нашето училиште со голем ентузијазам започна со средување и опремување на училиштето. Со извонредни напори реализирани се бројни активности:
- Училиштето е целосно реновирано со нова фасада, нов кров, заменета столарија, опремено со нагледни средства и уреден училишен двор.
- Создадени се посигурни подобри и побезбедни услови за работа и престој на учениците, наставниците и родителите.
Наставата во нашето училиште се реализира во објектот во матичното училиште како и во уште два објекти лоцирани во с. Конопница и с. Мождивњак. Во с. Мождивњак располагаме со два објекти од кои во Мождивњак 1 се реализира настава од 1 до 9 одд. , а во Мождивњак 2 наставата е во мирување. Во с. Конопница наставата се одвива од 1 до 9 одделение.
Нашите објекти имаат солидни услови за работа како за редовната настава така и за воннаставните активности.

Преглед на училишни објекти
🏢 Име на училиштето:
ООУ „Илинден“ – Крива Паланка
📍 Адреса:
Ул. Наско Тамбурков бр.80, Крива Паланка
📞 Телефон / Факс:
031/375-078
🌐 Веб-страница:
oouilinden.edu.mk
✉️ Е-маил:
ou-ilinden-krivapalanka@schools.mk
⚖️ Основано од:
Владата на Р.С. Македонија
📜 Верификација:
Акт бр. 10-2481/3 од 02.09.1996 г.
🏗️ Изградба и тип:
1974 година (Тврда градба)
📐 Површина:
Внатрешна: 4300 m² | Двор: 2705 m² | Спортски терени: 685 m²
🔥 Начин на загревање:
Парно греење на екстра лесно масло
👥 Организација на настава:
Настава во една смена (вкупно 26 паралелки)
🇲🇰 Јазик на наставата:
Македонски јазик
🏢 Име на училиштето:
ПОУ с. Конопница
📍 Локација:
с. Конопница, Крива Паланка
🏗️ Година на изградба:
1938 година (Реновирано во 2000 г.)
📐 Површина:
Внатрешна: 747 m² | Двор: 2384 m² | Спортски терени: 280 m²
🔥 Греење:
Печки на дрво
👥 Паралелки и смени:
Настава во една смена (9 паралелки)
🇲🇰 Јазик на наставата:
Македонски јазик
🏢 Име на училиштето:
ПОУ с. Мождивњак 1
📍 Локација:
с. Мождивњак, Крива Паланка
🏗️ Година на изградба:
1949 година (Реновирано во 2003 г.)
📐 Површина:
Внатрешна: 820 m² | Двор: 1188 m² | Спортски терени: 270 m²
🔥 Греење:
Огревно дрво
👥 Паралелки и смени:
Една смена (7 чисти и 2 комбинирани паралелки)
🇲🇰 Јазик на наставата:
Македонски јазик

Број на одделенија

Број на паралелки

Број на ученици

Број на наставници
