На 18.2.2026 година, учениците од петто одделение имаа можност да ја проследат едукативната музичката претстава „Петре и волкот“, во концертната сала на Македонската филхармонија. Претставата беше под диригентската палка на Борјан Цанев и со нарација на Мартин Јордановски.

Учениците имаа можност одблиску да го доживеат симфонискиот оркестар, да препознаат инструменти и музички карактери и да развијат култура на слушање и однесување во концертна сала.

Посетата беше одлична можност за поврзување на наставните содржини по музичко образование, македонски јазик, историја и општество и математика, а впечатоците кај учениците беа исклучително позитивни од начинот на кој музиката може да раскажува приказна преку симфониски оркестар.