Полугодишен извештај 2023-2024
12/03/2024Посета на управа за хидрометеоролошки работи и сеизмолошка опсерваторија
17/03/2024РЦС Спектар, во соработка со ООУ„Илинден“ Крива Паланка, започнува со реализација на проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“, кој има за цел да обезбеди овозможувачка околина за заштита и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните подрачја и ранливи групи.
Проектот опфаќа серија на едукативни и креативни работилници, арт терапија, музика и видео спот, менторска поддршка на родителите и обука на стручниот и наставен кадар.
Општа цел
Поддршка на активности за психо-физичко здравје кај младите, особено ранливите групи.
Конкретна цел
Креирана овозможувачка околина за заштита и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните подрачја и ранливи групи.
Очекувани резултати
1.Подобрена едукација за емоционални и социјални вештини кај децата и адолесцентите , вклучително и од руралните и ранливи групи
2.Промовирање на позитивно и квалитетно родителство за добро ментално здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните и ранливи групи
3.Зајакнати капацитети на педагошко-психолошките и стручни служби и наставниот кадар во основното образование
Период на имплементација: 15.01.- 15.07.2024
Проектот„Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ на РЦС СПЕКТАР Крива Паланка се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ е кофинансиран од Општина Крива Паланка.