Самоевалуација ООУ„Илинден“ за период 2020-2022 година
05/03/2024Посета на Собрание на Република Северна Македонија
05/03/2024Негувајќи ја плодната соработка со ООУ Илинден и оваа година домаќини на традиционалната работилницата „Изработка на мартинки“ во чест на древно-македонскиот празник Ксантика ни беа наставниците и учениците од 1 до 5 одделение од ПОУ Илинден од с.Мождивњак. Ви благодариме за поканата и успешната реализација на денешната работилница.
Ксантика е древно македонски празник кој потекнува од старомакедонскиот јазик: ксант-март.
Празник на пролетта, љубовта и природата, започнал да се слави пред 3000 години, кој денес се спонтано се славели цел месец март симболиката се одсликува во празнувањата на пролетните празници: Прочка, Летник, Тодорица, Младенци, Лазарица, Цветници, Младенци и Благовец.
Според старомакедонскиот календар, првиот пролетен месец Ксантик (март) бил празнуван како благослов за животот кога разбудената пролетна светлина ја победува зимската темнина.
Според легендата празникот се славел во чест на митот на несреќната љубов помеѓу македонскиот бог Македон и Ксантија (божица на цвеќињата), од кој се зачувани записи од VI век п.н.е. Според стари преданија, богот Македон се вљубил во божицата на цвеќињата – Ксантија. Но злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, па затоа богот Македон, секоја пролет ја барал својата прва љубов низ сите ливади и полиња во сите цветни градини.
Симболика на мартинката како особено културно облежје за празникот претставува дар за секого на кого му посакуваме здравје, среќа, бериќет, црвената боја ја потенцираат радоста, вербата во животот, додека белата чистотата и надежта.
Мартинки се впишани на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО на 12-тиот состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој од 6 до 9 декември 2017 година се одржал на островот Џеџу во Јужна Кореја.