ЗА НАС
Добредојдовте
„Сите различни, но сите заедно до нови постигнувања’’
ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА
Учете во најдоброто
основно училиште
Во североисточниот дел на Република Северна Македонија на надморска височина од 450 метри до 2252 метри е сместена општината Крива Паланка во која се наоѓа нашето училиште ООУ„Илинден“, на улицата Наско Тамбурков број 80.
Училиштето е формирано со одлука на влада на Република Северна Македонија број 23-1898 од 03.06.1996 година, а верифицирано со решение број 10-2481/3 од 1996 година.
Училиштето е изградено во 1974 г. и се до 1996 г работеше во состав на ООУ Јоаким Крчовски. Од учебната 1996/97 г. нашето училиште со голем ентузијазам започна со средување и опремување на училиштето. Со извонредни напори реализирани се бројни активности:
- Училиштето е целосно реновирано со нова фасада, нов кров, заменета столарија, опремено со нагледни средства и уреден училишен двор.
- Создадени се посигурни подобри и побезбедни услови за работа и престој на учениците, наставниците и родителите.
Наставата во нашето училиште се реализира во објектот во матичното училиште како и во уште три објекти лоцирани во с. Конопница и с. Мождивњак. Во с. Мождивњак располагаме со два објекти од кои во Мождивњак 1 се реализира настава од 1 до 9 одд. , а во Мождивњак 2 од 1 до 5 одделение. Во с. Конопница наставата се одвива од 1 до 9 одделение.
Нашите објекти имаат солидни услови за работа како за редовната настава така и за воннаставните активности.
Број на одделенија
Број на паралелки
Број на ученици
Број на наставници
ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА
Наши вредности, мисија и визија
Сакаме да станеме отворено, современо и ефективно училиште, лидер во Општината и во регионот, во кое учениците во атмосфера на доверба, почитување и толеранција, ќе стекнуваат квалитетни и трајни знаења, кои ќе ги применуваат во понатамошното школување и ќе придонесат за нивниот личен развој.
Ние сме училиште кое ја негува современата настава и го поттикнува личниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, подеднакво обезбедувајќи индивидуален напредок во постигањата и вештините.