ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА НЕДЕЛА ВО ООУ „ИЛИНДЕН“ – КРИВА ПАЛАНКА 
Во рамки на активностите по повод Детската недела, со учениците од продолжениот престој во нашето училиште реализиравме креативни и едукативни работилници посветени на детските права.

Преку цртежи, изработка на круни и “Дрво со детските права”, учениците на креативен начин ги претставија правата што им припаѓаат на сите деца – право на игра, учење, љубов, почит и среќно детство.

Овие активности ја поттикнуваат детската имагинација и тимска работа, ја зајакнуваат свеста за важноста на секое дете да расте во средина исполнета со грижа, љубов, внимание и поддршка.

Нека оваа недела нè потсети дека секој ден е ден за децата — нивниот глас, нивната радост и нивните соништа се нашата најголема инспирација!