ЗА НАС
Патрон на училиштето
ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА
МАЈ | Патрон на училиштето
Во североисточниот дел на Република Северна Македонија на надморска височина од 450 метри до 2252 метри е сместена општината Крива Паланка во која се наоѓа нашето училиште ООУ„Илинден“, на улицата Наско Тамбурков број 80.
Училиштето е формирано со одлука на влада на Република Северна Македонија број 23-1898 од 03.06.1996 година, а верифицирано со решение број 10-2481/3 од 1996 година.
Училиштето е изградено во 1974 г. и се до 1996 г работеше во состав на ООУ Јоаким Крчовски. Од учебната 1996/97 г. нашето училиште со голем ентузијазам започна со средување и опремување на училиштето. Со извонредни напори реализирани се бројни активности:
- Училиштето е целосно реновирано со нова фасада, нов кров, заменета столарија, опремено со нагледни средства и уреден училишен двор.
- Создадени се посигурни подобри и побезбедни услови за работа и престој на учениците, наставниците и родителите.
Наставата во нашето училиште се реализира во објектот во матичното училиште како и во уште три објекти лоцирани во с. Конопница и с. Мождивњак. Во с. Мождивњак располагаме со два објекти од кои во Мождивњак 1 се реализира настава од 1 до 9 одд. , а во Мождивњак 2 од 1 до 5 одделение. Во с. Конопница наставата се одвива од 1 до 9 одделение.