Проект „Редовно на часови“
23/05/2023Проект „АРИСЕ“
23/05/2023
- Целта на проектот е: подобрување на можностите за образование на децата со попреченост преку придонес кон развојот на инклузивен несегрегиран пристап во образованието на овие деца зајакнувајќи ја нивната социјална и образовна инклузија. Преку проектот се тежнее кон целосен и еднаков пристап на децата со попреченост помагајќи на училиштата во подобрување на подготвеност и капацитетите за осмислување на инклузијата преку обезбедување на стимулативна средина за учење како и високо квалитетна прилагоденост на наставата за учење. Како дел од активностите од проектот во училиштето е отворена сензорна соба за ученици со Аутистичен спектар на попреченост. Проектот е финансиран од Европската унија, а имплементиран од страна на Фондацијата „Чекр по чекор“ и здруженијата „Инклузива“ и „Хендимак“
- Временска реализација на проектот – учебна 2020/2021 и 2021/2022 година.
- Наставници вклучени во проектот: Добри Јовевски, Анета Илиевска (педагог), Снежана Јакимовска (психолог) и Ангела Крстевски (специјален едукатор и рехабилитатор).
- Активности: Адаптација и опремена просторија за сензорна соба во училиштето. Доделени тригодишни стипендии на ученици со посебни образовни потреби кои ја следат наставата во нашето училиште од прво до трето одделение