Годишен извештај ООУ ,,Илинден” за учебната 2023/24 година
18/08/2024Проект од ГЛОБЕ програма
30/08/2024Успешно реализиран проектот„Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ во ООУ „ Илинден“
ООУ „Илинден“ беше партнер и зеде активно учество во проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“, што го реализираше РЦС Спектар од Крива Паланка во нашето училиште.
Сите проектни активности, кои се одвиваа во централното училиште и во подрачните училиштa во Конопница и Мождивњак ,беа успешно реализирани, а проектот наиде на голем интерес како во училиштето, така и во локалната заедница, со оглед на есенцијалното значење на доброто ментално здравје кај младите. Целта на проектот беше обезбедување овозможувачка околина за заштита и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните подрачја и ранливи групи.
Проектот опфати серија на едукативни и креативни работилници за над 40 основци од 6-9 одделение, менторска поддршка на 20-тина родители и формирање на Родителска група за поддршка со креирана програма на приоритетни проекти за кои ќе се бара поддршка да влезат во програмите и во општинскиот буџет на локалната самоуправа. Со обуки беше опфатен и стручниот и наставен кадар во ООУ „Илинден“ на кои учествуваа над 30-тина вработени, а работилниците ги водеше Надица Скепаровска Петковска, психолог/психотерапевт.
Проектните активности беа финализирани со одржување на арт терапија од која произлезе песната „Замисли си“, креирана од самите ученици како нивен авторски продукт создаден со поддршка на менторите Кирила Цветковска, Александар и Милош Краљевски. За истата песна е направен и видео спот кој беше промовиран на јавен настан во Градскиот музеј во Крива Паланка пред бројна публика од општината. Со оваа ативност кај младите беше поттикната креативноста, а го почувствуваа и студиското аудио и сценско снимање што позитивно влијаеше на нивната самодоверба и јавниот настап.
Во целост, проектот беше посветен на подобрена едукација за емоционални и социјални вештини кај децата и адолесцентите, промовирање на позитивно родителство и зајакнување на капацитетите на педагошко-психолошките и стручните служби во училиштето.
Овој проект даде придонес за ООУ „Илинден“ кое се грижи за менталното задравје и правилниот развој на учениците, а соработката со граѓанскиот сектор е искуство кое покажува дека заедничките акции даваат поголеми резултати вопоглед на предизвиците со кои се соочуваме во ова турбулентно време.
Проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ на РЦС СПЕКТАР Крива Паланка се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансирани од Општина Крива Паланка.