Раководни органи и органи на управување
Верувам дека да се води едно училиште не е само менаџерска функција, туку пред сè, одговорност да се создаде средина во која секое дете ќе се чувствува слушнато, а секој наставник – мотивиран. Мојата лична и професионална цел е нашето училиште да биде место каде знаењето се вреднува, каде иновациите и модерното образование одат рака под рака со емпатијата и човечноста.
Како наставник во душа, знам дека успехот доаѓа само преку отворен дијалог, тимска работа и силно партнерство со родителите.
Мојата врата е секогаш отворена за нови идеи, соработка и за секој чекор што ќе го направи нашето училиште уште подобро место за растење.
Со почит,
Снежана Златковска
Директор на „ООУ Илинден“ Крива Паланка

Училишен одбор
Орган на управување во училиштето е Училишниот одбор. Составот, надлежностите и задачите на Училишниот одбор се определени со Законот за основно образование и Статутот на училиштето.
Основна цел на Училишниот одбор е заштита на законитоста во работата, правата на учесниците воспитно – образовната работа, јавност и транспарентност во работата, усогласување на актите со законски одредби.
Училишниот одбор на основното училиште е составен 7 члена , и тоа: тројца претставници од наставниците и стручните соработници, тројца претставници од родителите на учениците , двајца претставници од основачот и еден претставник од МОН.
Членови на училишен одбор
- Сашка Пешовска
- Јасмина Станковска
- Синиша Стаменковски
- Виолета Илиевска
- Аце Трајчевски
- Антонио Додевски
- Христина Илиевска
Совет на родители
Советот на родители се избира од редот на родителите на учениците но да не се вработени во училиштето. Тој брои 43 члена. Негова задача е да: Ја следи воспитно образовната работа во училиштето; Дава свои предлози за унапредување на воспитно образовниот процес; Дава мислење за надминување на проблемите кои се јавуваат на релација ученици-наставници-родители; Зема активно учество во совладување на проблемите поврзани со насилно однесување,алкохолизам,пушење и сл. Избира свои претставници во Училишниот одбор; Учествува во изготвување на правилници и други работи во интерес на успешност во работата. Донесува сопствена годишна програма за работа.
Совет на одделенски наставници
Совет на предметни наставници
Заедница на паралелка од паралелка
Членови на ученичкиот парламент
