📚Годинава со пригодни активности ја одбележавме Детската недела под мотото „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка“ 💖🌟🎉 По тој повод им посакавме добредојде на нашите првачиња во Детската организација 🎒👧🏻👦🏻 да бидат исполнети со многу игра 🧸радост да имаат многу успеси 🏆 и да се стекнат со нови знаења и искуства 📚✨❤️ ...
На ден 6.10.2026 година, учениците, заедно со своите наставници, уживаа во прекрасниот есенски ден исполнет со спорт 🏐, разни игри и дружење. 👩🏻‍🤝‍👨🏼Преку заедничките активности, учениците покажаа тимски дух, соработка и позитивно расположение. 💛Есенско сонце, прошетка, спортски и рекреативни активности, доволна причина за насмеани и весели детски лица и успешно реализиран есенски излет со сите ученици од нашето училиште.🍂🌼✨ ...
🏞️ На ден 29.9.2026 година и 1.10.2026 година, се реализираше обука на тема: ,,Интеграција на еколошки теми во наставата и развивање зелени навики и одговорно однесување кај ученицитеʼʼ за предметните наставници од нашето училиште и ООУ ,, Христијан Тодоровски-Карпошʼʼ- општина Ранковце. 📚Обуката е акредитирана од Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука, а е реализирана од страна на Акредитираниот провајдер Академија ЦЕС и обучувачот Игор Николовски.🌱Преку обуката наставниците се запознаа со еколошките теми кои влегуваат во секој предмет, процесот на загадување и нивните причини, планирање и меѓупредметен пристап и создавање на зелена училишна култура.🌿 ...
🧑🏻‍🏫 Ученици од нашето училиште учествуваа на обука за млади на тема „Етички стандарди и саморегулација на медиумите на заедницата“, во рамки на проектот „Медиуми за заедницата за посилно граѓанско општество“.🗒️ Преку презентации, дискусии и работилници, учениците се запознаа со медиумите во заедницата и нивната улога во демократските процеси.💡Обуката беше можност за учење, размена на искуства и создавање нови идеи. ...
🖥️ Нашето училиште ООУ,,Илинденʼʼ-Крива Паланка беше домаќин на Обуката во рамки на проектот ,, Училишта на 21 векʼʼ, реализирана од Министерството за дигитална трансформација во партнерство со Британскиот совет и Македонски Телеком.📚Проектот има цел да го унапреди квалитетот на образованието преку развој на вештини за критично размислување, решавање на проблеми и основи на кодирање кај учениците со кои ќе се запознаат со предизвиците и новитетите. ...
Добре дојдовте, драги ученици! 📚✏️✨️Со голема радост и возбуда го започнуваме новото училишно поглавје! Нека оваа учебна година биде исполнета со знаење, дружење, креативност, убави моменти и многу нови успеси. 🌟Од срце ❤️ им честитаме на првачињата и им посакуваме многу нови другарства, радосни моменти и успешни први чекори во светот на знаењето. Нека училиштето биде место каде што ќе учат, растат, се развиваат и ќе создаваат прекрасни спомени.На сите останати ученици им посакуваме среќен, успешен и исполнет почеток на учебната година! Нека секој нов ден донесе ново знаење, нов предизвик и нова причина за насмевка. 📘📕 ...
Известување Почитувани родители и драги ученици,Ве известуваме дека на 1.9.2026 година со почеток во 08:30 часот во училишниот хол на ООУ Илинден - Крива Паланка, ќе се одржи свечен прием на првачињата.Ви посакуваме среќен и успешен почеток! ...
Свечено го одбележавме крајот на основното образование на нашите полуматуранти. 🎓✨Ден исполнет со емоции, насмевки, гордост и спомени кои ќе останат засекогаш.Горди сме што оваа генерација ја предводи првенецот на генерацијата 🧑‍🎓Олег Јосимовски, чиј труд, посветеност и успеси беа препознаени и наградени. 🌟Признанија добија и нашите пофалени ученици 👩🏻‍🎓Инa Димитровска🧑🏻‍🎓Михаил Смиљковски👩🏻‍🎓Јоана Тодоровскакои со својата упорност, знаење и одговорност оставија значаен белег во текот на своето школување. 👏На сите полуматуранти им посакуваме многу успех, среќа и самодоверба во новото поглавје што ги очекува. Нека ги следат своите соништа, да веруваат во себе и секогаш со гордост да се сеќаваат на деновите поминати во нашето училиште. ❤️Среќно, драги полуматуранти! 🎉🎓✨ ...