
Општинскиот натпревар по природни науки
10/03/2026Со големо задоволство информираме дека нашето училиште активно се вклучи во проектот „Code for the Future – AI and Digital Skills Hub“, кој се реализира во рамки на EU Code Week 2025 во Република Северна Македонија.
Проектот е насочен кон практична и инклузивна поддршка на наставниците и учениците на возраст од 6 до 15 години во развојот на основни дигитални вештини, како што се компјутерско размислување, кодирање, AI писменост и креативно решавање проблеми.
Преку овој проект, учениците имаа можност на интересен, современ и интерактивен начин да учат и да создаваат со помош на дигитални алатки. Со користење на вештачката интелигенција, тие кодираа, истражуваа, учеа за етичко користење на технологијата и ги откриваа можностите што ги нудат современите апликации во образованието.
Проектот е осмислен како мобилен и скалабилен модел, кој преку работилници во училишта, локални активности и различни настани придонесува дигиталното учење да стане подостапно, поприменливо и поблиско до секој ученик.
Горди сме што сме дел од оваа значајна иницијатива, преку која заедно градиме генерации подготвени за иднината.






