SkyHills Casino: Uw Bestemming voor Hoogwaardige Online Vermaak
25/03/2026
Општински натпревар по англиски јазик
25/03/2026Тимот Lego Masters од нашето училиште под менторство на наставниците: Марија Смиљков и Зоран Милковски на 14 и 15 март за првпат учествуваа на натпреварот по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“.
Натпреварот се одржува осма година по ред, во организација на Академијата за роботика и иновации, под покровителство на UNESCO.
Оваа година предизвикот беше UNEARTHED – младите користат Lego технологија за изработка на иновативни роботски решенија, кои ќе им помогнат на археолозите полесно да ги истражат наоѓалиштата.
Овој значаен настан оваа година обедини рекорден број учесници – 36 тимови од државни и приватни училишта од Македонија, со околу 400 ученици и ментори кои преку роботика, иновации и тимска работа ги развиваа своите знаења во науката, технологијата, инженерството и математиката.
Учениците ја развија својата креативност, критичко размислување и лидерски вештини – додека уживаа во дружбата, тимската работа и забавата. Поддршката на ваквите иницијативи е клучна за создавање нова генерација млади иноватори, истражувачи и претприемачи кои ќе ја градат економијата базирана на знаење и технологии.




