Распоред за дежурства на наставници
07/05/2026Дводневна ученичка екскурзија
12/05/2026ООУ „Илинден“ Крива Паланка беше дел од активностите во рамки на Неделата на кодирањето – EU Code Week, преку проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, поддржан од JA Europe и Европската комисија.
Преку реализираните активности, нашето училиште даде свој придонес во промоцијата на дигиталните компетенции, кодирањето, вештачката интелигенција и иновативните пристапи во наставата. Учениците и наставниците имаа можност да научат како да применуваат современи образовни содржини кои ги поттикнуваат креативноста, логичкото размислување, дигиталната писменост и подготвеноста за предизвиците на иднината.
Во рамки на завршниот настан на проектот, посветен на европските вредности, дигиталната трансформација и улогата на училиштата во современото образование, беа доделени признанија на наставници и училишта кои дадоа значаен придонес во имплементацијата на активностите на EU Code Week.
Со особена гордост истакнуваме дека нашето училиште беше препознаено како активен учесник во оваа значајна образовна иницијатива и доби признание за постигнатите резултати во промоцијата на дигиталните вештини, иновациите и европската визија за современо образование.








