Обука организирана од страна на Светската здравствена организација за промоција на здравјето и добросостојбата во училиштата
30/10/2024Посета на Македонскиот народен театар
02/12/2024Месецот на книгатавеќе традиционално се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември во училиштата, со цел популаризација на читањето меѓу учениците . Во нашето училиште оваа година, овој настан го одбележавме, а истовремено и збогативме. Го одбележавме со организирање на работилница на која учествуваа ученици од седмо и деветто одделение, кои на креативен начин изработија ѕидни паноа со инспиративни цитати на познати светски автори и научници на тема Книга и читање. Исто така, нашата библиотека – местото каде учениците ги прошируваат своите знаења, беше збогатена со околу 200 нови лектирни изданија.