
Обука во рамки на проектот ,,Let’s Play Maths” ТАКТ
28/10/2025
Oпштински натпревари во КОШАРКА
07/11/2025Нашето училиште доби вредна донација за активности со учениците од областа на програмирање и роботика, овозможена од Bechtel Corporation & Robotics & Innovation Academy, кои и оваа година ја продолжија својата општествена одговорност и хуманост.
Донацијата е наменета за учениците од формираниот клуб по роботика, кој ќе овозможи нашите ученици да направат чекор напред во светот на технологијата и иновациите.
Преку оваа поддршка, ООУ „Илинден“ станува дел од глобалното семејство на FIRST LEGO League – Macedonia, каде што учениците со помош на LEGO роботи ќе можат успешно да го спроведуваат СТЕМ-образованието, градејќи вештини за 21 век – креативност, логичко размислување, тимска работа и иновативност.
Особена благодарност упатуваме до
Mrs. Bronwyn Hinspeter и Гордан Анастасов, кои со својата поддршка помогнаа нашиот сон за СТЕМ образование да стане реалност.
Донацијата свечено ја прими директорката на училиштето, Лорета Димитровска, а со менторирање на клубот ќе раководат наставничките по информатика и техничко образование – Марија Смиљков и Татјана Славова.
Во свет во кој знаењето и информациите растат и се лесно достапни, учениците треба да развиваат способности за анализа, планирање, логично и креативно размислување.
Преку ваквите иницијативи, нашето училиште придонесува за:
-развој на иновативно општество,
-поттикнување на психо-физичкиот и интелектуален развој на учениците,
-градење на етички и морални вредности, тимска работа и комуникација,
-обезбедување на перманентен личен и професионален развој.
Нашата визија останува и понатаму јасна и силна:






