
Државен натпревар по природни науки
05/06/2025
Посета на забавачиња од градинката “Детелинка”
05/06/2025На ден 28.5.2025 година, учениците од седмо одделение од централното училиште го посетија извидничкиот одред ,,Наум Наумовски-Борче“ од Крива Паланка.
Посетата беше поврзана со изучување на слободен изборен предмет ,,Извидништво” во второ полугодие.
Учениците имаа можност да го разгледаат Извидничкиот музеј со фотографии од самото постоење на Извидничкиот одред од 1960 год. Оваа година овој одред слави јубилеј 65 години од своето постоење. Исто така, се здобија со кратко појаснување за тоа која е мисијата и целите на извидништвото, како извидниците се ориентираат во просторот со
компас(бусола) како се ориентираат со помош на карта со одреден размер, како се врзуваат извиднички јазли и слично. На тој начин тие ги проширија своите знаења за извиднишвото и научија нови работи поврзани со предметот, а имаа и можност да ги видат.

На крајот од посетата секој ученик се здоби со еко кутија.