Завршна сметка за 2023-2024 година
01/06/2026
НАСТАВА ВО ПРИРОДА – УЧЕЊЕ НИЗ ИСКУСТВО, ПРИРОДА И КУЛТУРА
16/06/2026Нашето училиште со високи признанија на „Trash Fashion Runway – Circular Economy in Practice“ 

Под менторство на наставниците од нашето училиште, учениците презентираа впечатливи еко-креации кои се истакнаа со оригиналност, инвентивност, моден израз, дизајнерска идеја, сценски настап, креативна трансформација на материјалите и јасна порака за значењето на циркуларната економија.
Со особена гордост истакнуваме дека голем број ученици од нашето училиште се здобија со високи признанија за својата работа, посветеност и креативен пристап.
Овие признанија се потврда дека во нашето училиште се негуваат креативноста, тимската работа, естетската култура, иновативното размислување и одговорниот однос кон животната средина.
Уште еднаш покажавме дека еколошката свест кај нашите ученици и наставници е на високо ниво, а училиштето продолжува да биде простор каде што идеите се претвораат во дела, а младите се охрабруваат да создаваат, истражуваат и испраќаат силни пораки за подобра и поодржлива иднина. 






